Ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај Мотор Запорожје со 30-31 во рамки на 3 коло од Лигата на шампиони и го задржаа 100 процентниот учинок.

Со оваа победа „црвено црните делумно им се одмаздија на украинците кои славеа во првиот овосезонски меч во рамки на СЕХА лигата.

Домаќините подобро го отворија мечот и ја искористија пропусливата одбрана на Вардар, кој во тој сегмент од играта не личеше на себе. Европскиот првак постојано беше во негатива, а на полувреме се замина со резултат од 18-16 за Запорожје.

Вардар второто полувреме го започна се серија од 3-0 и по само 3 минути го превзеде водството, кое во текот на сите 30 минути се менуваше наизменично.

Сепак искуството на избраниците на Писонеро во финишот од мечот пресуди, иако во последните секунди  Скубе им даде шанса на украинците да изедначат.

Најдобар во тимот на Вардар беше Тимур Дибиров со 10 погодоци, а одлична поддршка црвено црните добија од Криштопанс кој зад своето име запиша 7 гола.


Во следното коло, Вардар ќе го пречека Кил, натпреварот во „Јане Сандански“ е закажан за 12 октомври.