Ракометарите на Јапонија се пласираа во главната групна фаза на СП во Египет откако славеа против Ангола со 30:29.

Во втората фаза Јапонците пренесуваат еден бод а воедно ќе биде и прво учество во втората фаза на СП во историјата на оваа земја. Поради ова прославата во соблекувалната беше повеќе од очекувана.