Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз дебитираа во Лигата на шмапионите, загубија во Битола од Спортинг со 29-30 во драматачна завршница.

Битолчани водеа по првиот дел со 16-15, лошо го отворија второто полувреме во кое со серија на голови екипата од Португалија стигна до предност од 2 голови разлика, 23-21, а потоа зголемија и на 3 што берше највисоката предност на гостите.

Еурофарм Работник во финишот стигна до гол негатива, сепак не успеа да дојде до израмнување и загуби со гол разлика.

Најефикасни кај Еурофарм Работник беа Остроушко и Јотиќ со по пет голови. Следно за нашиот вицепрвак е мечот со Савехов во Шведска во среда.