Савехов со извонредна игра во второто полувреме успеа да направи пресврт и да го победи Еурофарм Работник со 25-24 . Во второто полувреме тимот од Шведска направи разлика од 6 голови во однос на првиот дел.

Битолчани го добија првиот дел со 15-10, катастрофално одиграа на почетокот од второто полувреме, Савехов направи серија од 6-0, дојде до пресврт и успеа на крајот да слави со 1 гол разлика.

Во последните моменти Вегар направи чекори и пропадна нападот  за израмнување.

Јотиќ од Еурофарм Работник со осум голови беше најефикасен на мечот, ова е втор пораз на Еурофарм Работник кој имаше задоцнет финиш на овој меч а и пропуштена убава предност од првото полувреме.