Македонскиот вицешампион в недела го игра деби-дуелот во Лигата на шампионите, и тоа пред својата публика против португалски Спортинг Лисабон. Ова е можност за битолската публика по подолг период да гледа елитен ракомет во еден од најракометните градови не само кај нас, туку и пошироко.

По тој повод ракометарите на Стевче Алушовски преку видео-порака ги повикаа своите фанови да ја исполнат салата „Боро Чурлевски“ и заедно да слават историска победа.

Еурофарм пред една седмица токму од Битола дебитираше и во СЕХА лигата и тоа со успех и голема победа на Спартак Москва.