Ракометарите на Еурофарм Работник ја оправдаа фаворитската улога во мечот против Металопластика и во салата Боро Чурлевски славеа  убедливо со 32-21 во рамки на групата Б од СЕХА лигата. Оваа победа е многу за битолчани за враќање на самодовербата по 2 несреќни порази во Лигата на шампиони.

Битолчани од самиот старт наметнаа темпо, пред поткренати од одличниот Никола Митревски кој во првите 3 минути запиша 4 интервенции. Гостите својот прв погодок го постигнаа при водство на нашиот претставник од 5-0. До крајот на првиот дел Еурофарм ја одржуваа предноста од 6-7 погодоци и на пауза заминаа со 15-8.  Второто полувреме до 45 минута се играше гол за гол, а во последната четвртина од мечот Еурофарм уфрли во поголема брзина и рутински славеа со 32-21. Посебно истакнат поединец беше Никола Митревски со 15 одбрани.

За избраниците на Алушовски ова беше втор триумф во вториот меч од СЕХА лигата.