Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник одлично ја започна деби сезоната во СЕХА лигата, откако по првите две кола забележаа исто толку на победи против Спартак Москва, односно Металопластика.

Избраниците на Стеве Алушовски одиграа два атрактивни натпревари, а токму еден нивни потег е избран за најатракција во СЕХА за месец септември. Искусниот Петровски додаде перфектно, а Ѓукиќ полета и со гол го зачини цепелинот на „фармацевтите“ против Металопластика.