Ракометарите на Вардар без поголеми проблеми им се вратија на победите во СЕХА лигата откако вечерва во „Јане Сандански“ го совлдаа Нексе со 27:25.

Првото полувреме го одбележа рамноправна игра и нерешен епилог 14:14. Во вториот дел црвено-црните влегоа поенергично, ги намалија грешките во одбрана и заслужено славеа над екипата од Хрватска. Клучна за конечниот епилог беше серијата од 5:0 од 41 до 46 минута на Вардар.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Тимур Дибиров со 9 голови и Кристијан Дисингер со шест.

Во следно коло од СЕХА лигата, Вардар ќе му гостува на Татран Прешов на 1 окомври а предходно го очекува гостувањето кај Мотор во натпревар од Лигата на шампионите.