Ракометарите на Вардар го победија Порто со 32:27 во 2 коло од групата Б во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Во прекрасна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните не дозволија изненадување.

По проблематичното прво полувреме по кое гостите од Португалија водеа со 16:14, црвено-црните со дополнителен мотив влегоа во вториот дел.

Тука следуваше демонстрација на сила и капацитет на клупата на Писонеро, серија од 5:0 за водство од 27:20 и мирен влез во завршните десетина минути за конечна победа од пет разлика.

Најефикасени во редовите на Вардар беа Чупиќ и Криштопанс со по седум гола, по пет постигнаа Дибиров и Шишкарев.

Вардарци во вторник ги очекува натпревар на домашен терен против Нексе во СЕХА лигата а следниот предизвик во Лигата на шампионите доаѓа на 29 септември во Украина кај Мотор Запорожје.