Порто вчера е поразен на домашен терен од силниот Веспрем и не успеа дополнително да му избега на Вардар, во борба за што подобра позиција на крајот од групната фаза.

Но, тоа што ќе се памети од овој натпревар е чудната одбрана на седмерец на голманот на Порто, Томас Бауер, кој изведе неколку во најмала рака невообичајни движења.

Како и да е, Бауер успеа во својата намера, бидејќи целосно го збуни изведувачот на седмерецот Драган Гајиќ, чиј удар заврши во пречката.