Најдобриот ракометар на Норвешка, Сандер Сагосен од денеска и официјално е најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства.

Ракометарот на ПСЖ успеа да го симне од врвот македонскиот капитен Кире Лазаров, кој до вчера беше неприкосновен лидер со 61 погодок од ЕП во 2012 во Србија.

Во натпреварот за третото место против Словенија на Сагосен му беше дозволено да го изведе пеналот, по што го реализираше ударот од седум метри.