Македонија на Медитеранските игри во Атина го доживеа и петтиот пораз. Катастрофално загубивме од Грција, со резултат 25:14 (5.5, 11:5, 9:4).

Иако во борбите за пласман од 9 до 14 места имаме послаби противници од тие во групната фаза, токму против Грција го доживеавме и највисокиот пораз.

Македонија беше рамноправна само во првата третина, која заврши со израмнети 5:5. Во преостанатите две третини нашата игра целосно се распадна, па во еден момент губевме и со максимални 14 голови разлика.

До крајот на турнирот Македонија треба да одигра уште со Саудиска Арабија (утре во 13 часот) и со Кувајт (задутре во 8 часот).