Ѕвездите на Кометал Ѓ.П. не го заборавија денешниот датум кога се искачија на тронот на Европа и во еден глас заедно со веќе добро познатото дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац ја запеаа „Кометал шампионе“.

Меѓу ракометарките кои се појавуваат во спотот се Андријана Будимир, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Анжела Платон, Ања Андрушенко, Лариса Кисељева, Наталија Тодоровска, Елена Златановска и Лела Велкова. Пред 18 години на овој ден „Кометал  Ѓорче Петров“ стана европски шампион кога на  СЦ „Кале“  го поразија Унгарски Херц.