Вардар со минимални 27-26 го победи Нексе во СЕХА лигата, во последните пет минути од средбата беа постигнати само два гола, македонскиот шампион стигна до важна победа.

Со оваа победа Вардар го започнува пеколниот период во месец февруари во кој ќе одигра вкупно девет меча.

Иван Чупиќ одлично расположен, на тајм-аут со совети, пола на македонски јазик, изгледаше симпатично, натпреварот го заврши со шест гола.