Еден од најдобрите ракометари во светот во последните 20 години, капитенот на Македонија, Кирил Лазаров денеска полни 40 години.

Ветеранот кој сеуште е незаменлив во нашата сениорска репрезентација е инспирација, пример за успех и херој на најмладите кои сега започнуваат со ракомет.

Роденденска честитка за Кире Лазаров испратија неговите фанови но и членови на неговиот клуб КЛ7, среќен нека е Кире, да не радуваш уште многу години.