Македонската машка ракометна репрезентација го поправи впечатокот по двете катастрофални изданија против Шведка и против Египет во првото и второто коло од гурпата Г на Светското првенство во земјата на фараоните.

Чиле на полувреме замина со предност од 17:16, но Македонија покажа поразнична игра и за момент имаше и предност од 13:12 со голот на Кире Лазаров од пенал.

Претходно нашиот капитен реализираше од игра во 17 минута со што на својот 40 мундијалски натпревар ја продолжи низата со по најмалку еден гол на секој дуел од светските првенства на кој настапил.

Македонија со победа против Чиле ќе обезбеди пласман во главната групна фаза додека ако загуби ќе игра во Президент куп.