Во Скопје во вторник стартува Светско кадетско ракометно првенство во машка конкуренција. Една од првите репрезентации кои пристигнаа во Македонија е селекцијата на Чиле.

Јужноамериканските ракометари посакаа да се запознаат со играчите на европскиот шампион Вардар, а таа желба им беше исполнета.

Од Вардар по тој повод на официјалниот Инстаграм профил напишаа: „ Кога ќе исполниш нечиј сон, особено на млад човек тогаш си пресреќен. Кадетите на репрезентацијата на Чиле уживаа во друштвото на вардарци после нивниот тренинг, а за спомен им остана и фотографијата со освоениот пехар од ЕХФ лигата на шампионите во Келн. Којзнае, можеби еден ден некој од нив ќе стигне онаму каде сега е Вардар. Најважно е да имаш цел..“

View this post on Instagram

Кога ќе исполниш нечиј сон, особено на млад човек тогаш си пресреќен. Кадетите на репрезентацијата на Чиле уживаа во друштвото на вардарци после нивниот тренинг, а за спомен им остана и фотографијата со освоениот пехар од ЕХФ лигата на шампионите во Келн. Кој знае, можеби еден ден некој од нив ќе стигне онаму каде сега е Вардар. Најважно е да имаш цел.. #HCVardar #Chile #Chilean #younghandballplayers #dreamcometrue #handballworld #macedonian #macedonianhandballfederation

A post shared by РК Вардар (@rkvardar) on