Вардар стигна до првата победа сезонава во Лигата на шампионите, падна Мешков Брест со 35-27, македонскиот првак потсети на старите добри шампионски времиња.

По мечот, прослава на победата со Комити, убаво беше да се види оваа „реприза“ од времињата кога Вардар беше шампион на Европа, публиката се врати во СЦ „Јане Сандански“, се е поинаку со поддршка од трибините.