По завршувањето на главната фаза, ЕХФ го одјави најдобриот тим на оваа фаза.

Се чини дека се одбрани вистинските, а меѓу нив и екс-вардарецот Игор Карачиќ, кој е еден од најзаслужните за хрватското полуфинале.

Во тимот одбран од ЕХФ се: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија), Јуре Доленец (Словенија), Игор Карачиќ (Хрватска), Сандер Сагосен (Норвешка), Тимо Кастенинг (Германија), Бенс Бенхиди (Унгарија) и Магнус Јондал (Норвешка).