Македонскиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров со Нант дојде до голема победа над фаворизираниот Кил.

Французите славеа со 35:27 на гостувањето во Германија, Кире Лазаров постигна два гола од седум обиди, најфикасен за Нант беше Ривера со десет гола.

Веспрем и Дејан Манасков се изборија за убедлива победа над Динамо Загреб од 37:25. Манасков играше во второто полувреме и постигна три гола.