ЕХФ го најави учеството на Македонија на ЕУРО 2020 со промо видео, Кирил Лазаров е национален херој, од него се очекуваат нови голови.

Лазаров е ракометна легенда, лидер и капитен, од него Македонија очекува најмногу на континенталниот собир.

ЕУРО 2020 се игра од 10. до 26. јануари следната година, Македонија  ќе се игра во Австрија.

Кирил Лазаров е рекордер по бројот на постигнати голови на континеталните шампионати, во видеото кое ја претставува Македонија капитенот е во главна улога а насловот е:

 „Македонија може да почне да сонува“

Македонија на ЕУРО  е во група со домаќинот Австрија потоа  Чешка и Украина.