Капитенот на македонската репрезентација и член на Нант, Кирил Лазаров имаше уште една убава сезона иако во скратен формат.

На интернет се појави компилација од најдобрите потези на Лазаров оваа година, за Нант и репрезентацијата на Македонија.

Лазаров има 40 години но е спортски дисциплиниран и мотивиран, живее во ритамот на ракометот и успева на оваа возраст да одржи совршена форма.