Македонската кадетска репрезентација извојува убедлива победа против Саудиска Арабија на Медитеранските игри во Атина.

Својот денешен противник нашите ракометни надежи го совладаа со резултат 22:14 (6:5, 8:4, 8:5).

Македонија беше подобра во сите три третини и сосема заслужено и се радуваше на победата. Но, ова е само втора наша победа, покрај еден нерешен резултат и дури пет порази.

Последниот натпревар на овие Игри, Македонија ќе го одигра утре со репрезентацијата на Кувајт.