Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ одигра брилијантен натпревар во второто коло од Лигата на шампиони против Порто, меч на кој Вардар славеше со 32-27.

Хрватскиот интернационалец беше најефикасен во тимот на „црвено-црните“ со 7 погодоци.

Европскиот шампион во 3 коло од шампионската лига ќе му гостува на Мотор Запоржје на 29 септември.