Нант и Кил ремизираа 24:24 во натпревар од групата Б во ракометната Лига на шампионите.

Кире Лазаров беше најефикасен во редовите на Нант со пет голови, кај гостите се издвои Ехринг со четири гола.

Потегот на мечот е дело на голманот на Кил, Ландин кој успеа да му одбрани седмерец на Ривера на неверојатен начин.

На останатите натпревари кои се играа во воведниот термин, Кјелце славеше кај Пик Сегед со 30:26 а Алборг беше подбар од Мотор Запорожје со 29:27.