Македонија запиша прва победа на Мундијалот во Египет, падна Чиле  32-29 кој беше наша „мета“ на светското првенство, со оваа победа нашиот национален тим го продолжи настапот на светското првенство.

Чиле го доби првиот дел со 17-16, но Македонија одигра перфектно второ полувреме , го реши со 16-12 и стигна до првата победа на Мундијалот во Египет со 32-29.

Македонија во финишот за прв пат имаше и плус 4 кога Стоилов погоди за 31-27 на 2 минути и 42 секунди до крајот за на крајот да завршиме со  предност од три и  конечни 32-29.

Најефикасни во нашиот состав беа Лазаров со 8 гола, Костески и Пешевски во победата учествуваа со по 5 погодоци.

Македонија ќе игра со Белорусија, Русија и Словенија во следната фаза на  20, 22 и 24 јануари.