Македонската кадетска репрезентација го доживеа и својот втор пораз на Медитеранските игри во Атина.

Денеска подобри од нас беа врсниците од Тунис, кои не совладаа со резултат 19:17 (6:7, 8:6, 5:4).

Нашите млади репрезентативци водеа голема и рамноправна борба во текот на целата средба. Најдобро ја одигравме првата третина која ја добивме со минимални 6:7. За жал, во преостанатите две подобар беше нашиот противник, кој на крајот забележа минимална, но значајна победа.

Најдобри во нашиот состав беа Димовски и Ѓорговски, кои постигнаа по 4 гола.

Македонија вчера забележа половичен успех. Загубивме од Шпанија, но го совладавме Мароко.

Денеска селекцијата предводена од Никола Матлиески ќе одигра уште еден натпревар, против големиот фаворит Хрватска, во 14.45 часот.

Средбата со Тунис можете да ја видете во последната третина од видеото.