Денеска во Атина почнаа Медитеранските игри, за кадетски репрезентации.

Македонија во првиот од своите два денешни натпревари загуби од фаворитот Шпанија, со резултат 21:14 (8:7, 8:4, 5:3).

Ракометниот турнир ќе се игра со експериментални правила, во три третини од по 15 минути. Така ќе се игра се до финалето, кое единствено ќе се одигра со вообичајните две полувремиња.

Македонија долго време успеваше и парира на силната Шпанија, особено во првата третина, која заврши со минимална предност на Шпанците.

Најлошо ја одигравме втората третина, во која Шпанија набрзина се одлепи и овој сегмент од играта го доби со резултат 8:4.

Во последната третина долго се играше рамноправно, но на крајот грешките не чинеа пораз и во овој дел, 5:3.

Вечерва, во 18.45 часот Македонија ќе го одигра и својот втор натпревар, а противник ќе ни биде селекцијата на Мароко.