Македонија го забележа и четвртиот пораз на Медитеранските игри во Атина.

Во првиот од двата денешни натпревари загубивме од Црна Гора, со резултат 22:17 (8:7, 7:3, 7:7), и со тоа ги загубивме сите шанси за борба за повисок пласман. По групната фаза, Македонија ќе се бори за пласман од 9 до 14 места.

Македонските репрезентативци и денеска беа конкурентни во две од трите третини, но средбата ја реши нашата лоша игра во втората третина.

Ташев, Митев и Ивановски беа најдобри, со по три постигнати гола.

Македонија денеска ќе ја одигра и последната средба од групната фаза, а наш противник ќе биде Турција.