Ракометарите на Металург со совладаа РК Бутел со 26:25 во натпревар од четвртото коло од домашното првенство.

Со ова беше прекината низата без пораз на тимот кој денеска загуби во „Автокоманда“. Домаќинот константно имаше предност и до крајот успеа да ја задржи со малку среќа откако Златко Мојсовски не реализираше за израмнување во последните секунди од мечот.

Јагуриновски со осум и Шилегов со пет гола беша најдобриот во победничкиот состав. За поразените се издвои Мојсовски со седум гола.