Сташ Скубе беше еден од најдобрите кај Вардар во Лигата на шампионите против Монпелје, постигна осум голови и сосема заслужено е во идеалниот тим од првото коло на елитното натпреварување.

Во идеалниот тим на колото се наоѓа и Валентин Јоанеа од Спортинг кој играше против Еурофарм Работник во Битола.

Покрај овие двајца во тимот на колото се и голманот Андреас Волф од Кјелце, Диего Бранкиљо од Порто, Никола Билиќ од КИл, Мадс Кристијансен од Алборг и Лудовик Фабрегас од Барселона.