Ракометарите на Вардар 1961 повеќе од солидно се претставија против Кил во воведните 30 минути (13:10), во „Јане Сандански“ во натпреварот од 6 коло од Лигата на шампионите.

Дибиров постигна прекрасен гол, до крајот на полувремето вкупно седум, а од ЕХФ ја издвои една од 12-те одбрани на Томовски од првото полувреме.