Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски запиша 11 интервенции на голот на Порто против Вардар 1961 во ремито од 25:25.

Една од одбраните на Митревски е издвоена за најдобар на колото во ЛШ на ЕХФ. Ова е втора недела по ред како реакциите на голманот на Порто добиваат признание во елитното натпреварување.