Норвешка го обели образот на скандинавскиот ракомет, по поразот на Данска од Хрватска во битката за бронзениот медал.

Норвежанките во финалето ја совладаа Франција со 22:20 и потврдија дека во моментов се тимот со најдобри ракометарки на стариот континент.

Мерк, Кристијансен и Скогранд постигнаа по четири гола за новиот европски првак, за Франција се издвои Фола со пет гола.