Робин Кантегрел е ново име кај Вардар за следната сезона, во таборот на црвено-црните доаѓа од Сесон Рен.

Овој чувар на мрежата има 25 години, кариерата ја  започна во Нант а потоа се пресели во Понто Комбо од каде прејде во Сесон Рен.

За репрезентацијата на Франција Кантегрел има симболичен број на настапи, играше во квалификациите за ЕП против Португалија, беше на поширокиот список за последниот континентален собир.