Исклучувањето на Радовиќ и низата греши во нападот го чинеа Еурофарм Работник трет пораз во низа во деби сезоната во Лигата на шампионите.

Бидасоа ја искористи предноста на домашниот терен и славеше триум од 26:25 против тимот од Битола кој имаше предност од 20:19. На ова следуваше серија од 3:0 од Бидасоа, момент кој се покажа како клучен во период во кој нашиот тим играше со двајца играчи помалку (Јотиќ и Вегар).

Еурофарм Работник одигра сосема солидно во првото полувреме по кое водеше со 14:11 но важно да се издвои дека Радовиќ заработи црвен картон по само 5 минути игра.

Остроушко со девет гола беше најефикасен во екипата на Еурофарм Работник, Маџовски постигна три гола. Митревски мечот го заврши со 13 интервенции.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник ќе го пречека Кокс.