Ракометарите на Пелистер го завршија настапот во ЕХФ Купот откако вечерва беа поразени на домашен терен со Винтертур со 21:33.

Швајцарските ракометари слично како и на воведниот меч беа на висина на задачата и по онаа победа на домашен терен од 39:16 сега беа убедливи и на гостувањето во Битола.

Васко Димитровски со седум гола беше најефикасен во составот на македонскиот прволигаш, кај победникот со 8 гола свој ден имаше Радовановиќ.