Во една од денешните две средби од 12. коло на групната фаза на Лигата на шампионите, екипата на Пик Сегед му нанесе пораз на ПСЖ (32:29 (15:18) и остана во трката за првото место во групата „А“ и директен пласман во четврт-финалната фаза.

Ракометарите на Раул Гонзалес долго време ги контролираа и играта и резултатот. Првото полувреме го добија со резултат 18:15, а на почетокот на вториот дел имаа и максимални 6 голови разлика, 15:21, но Пик Сегед најде сили и се врати со серија од 8:2, за 23:23. Се до крајот се водеше голема борба во која како победник излезе домашната екипа.

Поранешниот вардарец Жоан Канелјас беше најпрецизен на средбата, со 10 постигнати гола, додека Шоштариќ додаде 7. Кај екипата на ПСЖ најпрецизен беше Хансен, со 7 гола.

 

Во вториот денешен натпревар, екипата на Алборг го совлада тимот на Цеље ПЛ, со четири голови разлика. Всушност, Алборг победата ја извојува во првото полувреме, кое заврши со споменатите четири голови разлика, додека во вториот дел се водеше рамноправна борба која не донесе промена околу победникот на овој натпревар.

Алборг Цеље ПЛ  28:24 (13:9)