Вардар одигра две различни полувремиња против Елверум, но најважно е што одиграа феноменално второ, за победа 35-32, гостите имаа предност 20-17 по првите 30 минути.

Георгиевски и Чупиќ во финишот на мечот погодија за Вардар, кој ја запиша втората победа на 10-от меч во Лигата на шампионите.

Првиот дел не донесе добра игра на Вардар, македонскиот шампион се мачеше и беше во негатива 20-17. Извонредна игра во второто полувреме, 18-12 за Вардар, Дибиров расположен, со 9 гола најефикасен во составот на црвено-црните, Гоце Георгиевски постигна 6 гола, Кантегрел во финишот бранеше маестрално, запиша 6 одбрани.

Вардар со оваа победа е на добар пат да ја избегне Барселона во осминафиналето, сега е претпоследен во својата група.