Вардар рутински стигнаа до полуфиналето на годинашново издание на Супер Глоуб откако го совладаа тимот на Ал Мудхар со 34-27 на првиот настап во Саудиска Арабија.

Тимур Дибиров беше прогласен за играч на натпреварот, постигна шест голови и беше најефикасен играч кај „црвено-црните“.