Македонија со слабо второ полувреме загуби од Белорусија со 30-26, Лазаров најдобар играч на мечот во овој пораз кој ја потврди нашата резултатска катастрофа на Мундијалот.

Првото полувреме донесе израмнета игра, пред се поради ефикасниот Лазаров, тој запиша 6 гола а резултатот по 30 минути игра беше 14-14.

Во вториот дел се тргна надоле по 40 минута, противникот имаше и плус 5 во еден момент, на крај запишаа триумф со 4 голови разлика.

Кире Лазаров имаше најмногу голови, средбата ја заврши со 7 а во првиот дел реализираше дури шест, се истакнаа и Кузмановски и Пешевски по 4 гола.

Македонија Мундијалот во главната фаза во групата 4 го заврши без победа и без бодови.