Ракометарите на Порто со шокатна завршница стигнаа до победа над Кил во Лигата на шампионите, славеа со 27-28 со гол во последните моменти од мечот.

До победата Порто стигна со гол на Силва Соуза Мартинс, претходно голманот Алфредо Квинтана одбрани и му овозможи победнички напад на својот тим.

На табечата Кил и покрај поразот е  прв во групата со 11 бода, следуваат Монпелје и Вардар со по девет,  Порто со триумфот денеска има осум бода како и Кјелце и Веспрем.