Еурофарм Работник се израдува на првата победа во деби сезоната во Лигата на шампионите на ЕХФ. Во Битола, во салата „Боро Чурлевски“, поразен е Кокс со 31:30 и со ова е прекината серијата порази во групата Ц на нашиот втор преставник во елитата на Европа.

Избраниците на Стевче Алушовски не дозволија во завршните десетина минути по четврти пат во низа да загубат – добиен натпревар.

Домаќините одиграа одлично во првото полуврем, серијата од 4:0 во воведните 10 минути беше доволна за на пауза да замина со предност од 17:13.

 

Во вториот дел разликата од четири гола, Еурофарм Работник не успеа да ја задржи па гостинот најпрво израмни на 20:20 а потоа се играше гол за гол за 27:27, па ново израмнување во завршната минута 30:30… Драматичен беше крајот но Никола Митревски одбрани во последните секунди за важна победа на прволигашот од Битола.

Митревски мечот го заврши со шест интервенции, Остроушко постигна 8 гола, Ојлески запиша 5 гола од кои четири од седмерец.

Во следното коло од групата Ц во Лигата на шампионите, на 20 октовмри, Еурофарм Работник ќе го пречека Татран Прешов.