Ракометарите на ПСЖ славеа во дербито на денот во ракометната Лига на шампионите на ЕХФ против Кјелце со 37:26 во натпревар групата А.

ПСЖ одигра одлично прво полувреме по кое водеше со 19:10 и веќе стана јасно дека гостинот се соочува со сериозно подготвена екипа.

Хансен и Стаинс со по шест гола беа најефикасни за победникот, за Полјаците се издвоија Сичко и Душебаев со по пет гола.