Македонската ракометна репрезентација, успеа да слави триумф по денешниот тежок меч против Финска со 22:27.

Првото полувреме, беше бледо издание за нашата селекција, која несомнено се соочуваше со недостиг на концентрација поради техничките грешки, како и низата пропуштени шанси и бледиот приказ на одбраната, поради што на полувреме нашата селекција имаше негатива од 2 погодоци, односно 14:12.

Во вториот дел, по само десеттина минути игра, Финците ја загубија концентрацијата, па значително се почувствува пад во нивната игра. Избраниците на Лазаров го искористија тој момент и го преземаа мечот во свои раце.

Во македонскиот табор, најефикасни на денешниот меч беа Лазаров и Кузмановски кои постигнаа пет погодоци.

За потсетување, последниот меч од овој квалификационен циклус, Македонија ќе го одигра во недела на домашен терен, против селекцијата на Швајцарија.