Вардар 1961 го претрпе првиот овосезонски пораз во СЕХА лигата откако беше тотално надигран на гостувањето кај Мотор Запорожје со 30:23.

Украинците одиграа перфектно прво полувреме а во вториот дел сосема доволно за да се израдуваат на победа од седум разлика.

Реакцијата на Алушовски во првото полувреме ја отслика ситуацијата во која се најдоа вардаровите ракометари.

Ова се најдобрите моменти од средбата која македонскиот првак ќе сака што поскоро да ја заборави.

Во следното коло од СЕХА лигата, Вардар 1961 ќе го дочека Мотор на реванш во „Јане Сандански“ на 19 март.