Во македонската Суперлига веќе нема непобедени екипи, откако пред малку Охрид го совлада Металург на свој терен.

Во натпревар со многу пресврти, Охрид го совлада тимот од Автокоманда, со резултат 22:20 (10:11).

Средбата мина во израмнета борна во текот на целиот натпревар. Домашниот тим имаше подобро отворање и рано поведе со три голови разлика, 4:1 и 5:2. Металург ја чекаше својата шанса и дури во завршницата од првотото полувреме мина во водство, 10:11.

Во вториот дел воглавно Металург го диктираше резултатот и имаше и максимални три голови разлика. Но, Охрид, најмногу благодарејќи му на својот голман Даниловски, успеа да се врати во игра,а потоа и да го преземе водството.

Во самата завршница Чантурија и Серафимов не успеаа да реализираат два седмерци и на крајот Металург мораше да ја потпише и својата прва капитулација.

&

Кај Охрид најпрецизен беше Кривокапиќ, кој постигна 7 гола, додека 6 додаде Тот. Кај Металург се истакнаа Чантурија со 5 и Танкоски со 4 голови.

И покрај поразот, Металург ќе остане на челната позиција на табелата, како што и Охрид ќе остане на второто место.