Ракометарите на Вардар го претрпеа осмиот овосезонски пораз во групата Б во Лигата на шампионите откако загубија во СЦ „Јане Сандански“ со 31:27 од Монпелје.

Вардарци го освоија шестото место и за прв пат во последните седум години ќе играат во осминафиналето од Лигата на шампионите на ЕХФ, откако не изборија пласман директно во четвртфиналето. Во осминафиналето РК Вардар најверојатно ќе игра со Пик Сегед.

Црвено-црните добро влегоа во мечот, имаа 5:1 но по ова гостинот се разигра па на пауза Монпелје замина со предност од 14:13.

Во второто полувреме, Вардар се обиде но не успеа ниту да го израмни резултатот. Монпелје имаше максимална предност од 5 гола 28:23 а на крај избори триумф во Скопје од четири разлика.

Кизиќ мечот го заврши со 9 одбрани на голот на Вардар, Стојанче Стоилов постигна седум гола и беше најефикасниот во редовите на Европскиот првак, Горбок постигна шест а Чупиќ пет гола.