На денешен ден во 2017 година, Вардар стигна до првото финале во Лигата на шампионите, неверојатен меч против Барселона и решавачки гол на Лука Циндриќ во трка со секундите за победа 26-25.

Лука Циндриќ  сега е член на Барселона, тогаш ги фрли во очај Шпанците кои не веруваа дека тоа може да им се  случи.

Вардар следниот ден, на 4 јуни 2017 година, стана првак на Европа за прв пат п отриумфот против големиот и фаворизиран ПСЖ.