Ракометарите на Еурофарм Работник го победија фаворизираниот Веспрем со 26:24 во натпревар од СЕХА лигата и со ова го остварија најголемиот резултат во меѓународни рамки од постоењето на клубот.

Тимот поредводен од Давид Дејвис имаше мал пад во формата а тоа најдобро го казни македонскиот вицешампион.

По воведните 4:4 Еурофарм Работник направи серија од 5:0 и поведе со 9:5 а на полувреме водеше со висока предност од 14:8.

Во вториот дел во 47 минута Веспрем израмни на 19:19 но и покрај ова домаќините се вратија во ритам и запишаа победа од два разлика.

Јотиќ со осум гола беше најефикасен за Еурофарм Работник, Никола Митревски забележи 11 одбрани во првото и една во второто полувреме.

Во следното коло од Групата Б во СЕХА лигата, Еурофарм Работник ќе му гостува на Загреб.